ПРЕПОРАКА ЗА УПОТРЕБА:
Неограничено, по потреба се нанесува во тенок слој на третираниот дел од исчистената кожа. Во зависност од потребите, се препорачува да се користи неколку пати на ден. Може да се комбинира со златно масло, масло од чајно дрво… и други производи за нега на кожата.
НАПОМЕНА: Не содржи конзерванси или мириси. Погоден за сите типови кожа. Најдоброто средство за дезинфекција во областа на природните медицински препарати. Активно делува на бактерии и вируси, помага во длабинско чистење и брзо зараснување на раните, а за разлика од другите средства за дезинфекција, не ја намалува природната одбрана на кожата, па ја стимулира регенерацијата на ткивата и здравите клетки на кожата, го намалува воспалението и ја подобрува локална циркулација.
СВОЈСТВА:
- помага за заздравување на помали исеченици, гребаници и акни
- благодарение на неговите антивоспалителни својства, ја смирува болната, чувствителна и иритирана кожа
- ја храни кожата, го спречува нејзиното сушење и пукање
- има својства за чистење – чисти нежно и темелно
- ја омекнува кожата, ја прави мека и еластична
ШИРОКА ПРИМЕНА НА МЛЕЧНАТА МАСТ СО ЕКСТРАКТ ОД ВИСОКО КВАЛИТЕТЕН НЕВЕН -КАЛЕНДУЛА:
- наменет е за нега на кожата на целото тело
- тоа е идеална заштита за сета кожа, особено за онаа на лицето, рацете и стапалата
- спречува испукани усни
- ја штити кожата од студ, ветер и сонце (чувствителна кожа која лесно поцрвенува, пред изложување на сонце, нанесете масло од невен – штити од УВ зраци и ја зачувува влажноста на кожата)
- ја омекнува тврдата кожа на лактите, колената, петите
- ефикасно делува при оток и заздравување на раните
- помага при кожни болести (го забрзува заздравувањето): дерматитис, егзема, херпес, сончева еритема, псоријаза, чешање
- особено се препорачува за нега на деца кои страдаат од дерматитис и црвенило на кожата, како и на постари лица кои многу лежат во кревет
- ефикасен е при изгореници
- помага при настинки и алергии, проблеми со синусите
- ефикасно делува при проблеми со циркулацијата, менструални проблеми и болки
- помага при хемороиди
- помага при вагинални инфекции, особено после породување, со нанесување на надворешниот дел на гениталниот орган, ја намалува можноста за инфекција, а расекотината брзо ќе зарасне
- за вадење шминка
ДОЗНАВМЕ… Календулата, попозната како невен, со своите портокалово-жолти цветови, е типично растение на медитеранската област. Името доаѓа од латинското име calendae, поим што означуваше првиот ден од месецот. Дури и старите Грци ја знаеле неговите терапевтска моќ; во хербариумите од средниот век, календулата има привилегирано место – се сметаше за магично лековито растение; во популарната медицина, за заздравување на рани и за лекување на брадавици се користеле лапа од свежо здробени цветови… Денес е општо познато дека невенот е вистински рудник на медицински корисни материи. Содржи етерични масла, растителна слуз, енергетски шеќери, каротини (кои во организмот се претвораат во витамин А), а токму каротените се одговорни за благотворното дејство на кожата.
ЕКСТРАКТ ОД КАЛЕНДУЛА – НЕВЕН најде значајно место во козметичката индустрија како составен дел на многу креми за нега. Така невенот на РСИ зазеде високо место со неговата оригиналност во производството во асортиманот на нашите производи од со неговата уникатна рецепта на производство – испробан, проверен – докажан уште од дамнешни времиња.
МЛЕЧНАТА МАСТ СО ЕКСТРАКТ ОД КАЛЕНДУЛА-НЕВЕН на РСИ е со висококвалитетна вредност. Станува збор за оригинален козметички препарат создаден по стар народен рецепт, кој се карактеризира со благо антисептично дејство.
Рецензии
Сеуште нема рецензии за овој производ.