Исклучителна комбинација од органски студено пресуванo маслo од макадамија, чилеански лешник, маслинка, кајсија, семки од грозје, златно арганово масло и био сончогледово масло кое изобилува со големо количество на природен витамин Е и заштитен фактор. Ројал суво златно масло создава нежен заштитен слој на кожата, а со своето брзо впивачко својство ќе подари на вашата коса и кожата на лицето како и телото максимална дохрана и хидратација.
Кожата ја прави трајно мека и свиленкаста на допир, а златните честици уште повеќе ќе допринесат во нивната убавина и сјај. Заради својот состав не остава масни траги и брзо се впива во кожата и косата. Доза гламур добиена од златни честички.
Маслото е наменето за сите видови на кожа и може да се користи секојдневно за нега и хидратација на лицето и телото, како и за сјајот и убавината на косата. Ројал сувото златно масло со златни честици како спој од седумте природни масла, дава на кожата и косата посебен златен сјај, а прекрасниот мирис кој го поседува дава можност кога се користи за третирање на вратот и деколтето е добра замена и за парфемот кој го користиме, односно не би имале потреба да користиме парфем од свежината и пријатниот мирис кој се развива од самиот комплес масла кои се дел од ова исклучително масло.
![dostava](https://rsi-mk.com/wp-content/uploads/2022/07/dostava.jpg)
Достава
Сите нарачки кои се платени до вторник истата им се испорачува по пошта во СРЕДА како би си ја подигнале во ЧЕТВРТОК, а нарачките кои треба да се превземат од канцеларијата на РСИ во Скопје ќе можат да се подигнат во СРЕДА од 15:00 до 17:00.
Рецензии
Сеуште нема рецензии за овој производ.