fbpx
Wrong menu selected
FREE SHIPPING FOR ALL ORDERS OF $150
Wrong menu selected
Телефон

+389 78 400 379

Прашања?

rsi@rsi-mk.com

Најави се / Регистрирај се
Пребарај
0 Омилени производи
0 ставки 0.00 ден
Мени
0 ставки 0.00 ден
  • Почетна
  • Производи
    • Убавина од Внатре
      • Виталност
      • Витамини
      • Минерали
    • Убавина од Надвор
      • Нега на коса
      • Нега на лице
      • Нега на раце
      • Нега на нозе
      • Нега на тело
      • Парфеми
    • Убавина околу Нас
      • Аква програма
      • Гумена програма
      • Крпи за Моп
      • Крпи од ултрамикро влакна
      • МОП – ROYAL CLEANING eco line
      • Програма за вода Water-Pik
  • Листа на производиНово
  • Производи на попустАКЦИЈА
  • Контакт
Почетна Убавина од Внатре Виталност КАПСУЛИ СО МАСЛО ОД ЛОСОС
ПАСТИЛИ СО ЦИНК И ВИТАМИН Ц 1,530.00 ден 1,148.00 ден
Назад кон производи
РОЈАЛ РАСТИТЕЛНО МАСЛО 101 1,595.00 ден 1,196.00 ден
-5%
Кликнете за зголемување

КАПСУЛИ СО МАСЛО ОД ЛОСОС

1,398.00 ден 1,328.00 ден

• ги зајакнува срцето и крвните садови
• ја подобрува циркулацијата и го спречува згрутчувањето на крвта
• го регулира и стабилизира зголемениот крвен притисок
• го намалува нивото на холестерол и триглицеридите во крвта
• помага кај неуролошки и дерматолошки проблеми со кожата
• ја зголемува подвижноста на зглобовите
• благотворно дејствува каj сите воспаленија во организмот
• го зајакнува имунитетот и општото здравје на организмот

Пакување: 90 капсули

 

На залиха

Спореди
Додај во Омилени
3 луѓе го гледаат овој производ сега!
ШИФРА: Drf-106 Категорија: Виталност
Сподели:
Затвори
Препорачани производи
  • ROYAL ROLL-ON NATURAL - НА БАЗА НА КР. КАМЕН 960.00 ден 720.00 ден
  • AЉАСКА ГЕЛ 880.00 ден 616.00 ден
  • ГУМЕНА ЧЕТКА 872.00 ден 654.00 ден
  • КРПА ЗА ОПТИКА 370.00 ден 296.00 ден
  • ГОЛЕМА ВОЛШЕБНА КРПА - БЕЛА 1,650.00 ден 1,320.00 ден
  • Опис
  • Рецензии (0)
  • Достава
Опис

СОСТАВ: Стандардизиран високопрочистен концентрат на рибни масти од јадливите делови на месо од свеж и здрав лосос.

ПРЕПОРАКА ЗА КОРИСТЕЊЕ: Се земаат 3 до 6 капсули дневно со малку течност за време или по јадењето.

НАПОМЕНА: Капсулите се погодни и за дијабетичари.

НАМЕНА:

  • го зајакнуваат срцето
  • превентивно штитат од болести на срцето и системот на крвни садови (штитат од срцев или од мозочен удар)
  • спречуваат згрутчување на крвта
  • го спречуваат настанувањето и развојот на атеросклерозата
  • го регулираат и стабилизираат високиот крвен притисок
  • ја подобруваат циркулацијата и ги чистат крвните ѕидови од  воспаленија
  • за намалување на нивото на холестеролот (и во високи дози)
  • за развој на мозокот, нервите и очниот систем
  • во бременоста, во текот на доењето и се важни за развојот на детето
  • кај опоравување во постинфарктна состојба
  • кај проблеми со чести главоболки и мигрени
  • кај ревматски воспаленија, артритис, болки во кичмата и коските
  • кај бројни невролошки и дерматолошки проблеми  –  поволно делуваат на кожата кај воспаленија, псоријаза, лишаи, , себореја, невродермитис, херпес,  старечки пеги…)
  • кај алергиски состојби (  алергиски кивавици, астма)
  • кај сите воспаленија во организмот-ја намалуваат воспалителната реакција– па се применуваат како стабилизатор на многу воспалителни процеси
  • го јакнат имунитетот и општото здравје на организмот

ДОЗНАВМЕ… ОМЕГА-3 ЧУВАР НА СРЦЕТО И КРВНИТЕ САДОВИ

Капсулите со масло од лосос од Др. Ферстер се направени од месо на лосос поради што тој е еден од највредните производи на пазарот и се препорачува како додаток во редовната исхрана. Маслото добиено од месо од лосос  содржи природен каротен соединенија познати по антиоксидативната улога и заштита на ќелиите што дополнително го подобрува делувањето на препаратот од Др. Ферстер. Капсулите од масло од лосос-Др. Ферстер се од природно потекло, па нивното делување најдобро би се покажало со превентивна примена.Богатсвото кое ни го нудат Омега-3 масните киселини навистина се посебен дар од природата. 

Доколку веруваме во медицината која што се темели на докази тоа нас не обврзува, во пракса да го спроведеме се она што науката ќе го потврди како корисно за човечкото здравје. Корисно-не е доволно добар збор за да го опише неверојатното тераписко влијание на маснотиите од групата Омега-3 во спречувањето на срцевите болести и болестите на крвните садови. Поради тоа маслото Омега-3 се смета за есенцијално како заштитна материја но, и како составен елемент на мозочното ткиво и мрежицата на окото. Нивната намалена присутност во телото може да доведе до сериозни пореметувања во развојот на нервниот, очниот и имуниот систем. Ескимите кои што живеат на Гренланд можеме да ги проглсиме за народ кој јаде најмногу месо на земјата а имаат најмала стапка на смртност од срцеви болести. Проучувањето на нивната исхрана довело до заклучок дека тие исклучително се хранат со месо од риба од северното море (лосос, скуша, харинга). Тие риби се хранат со билните планктони кои се богати со Омега-3 незаситени масни киселини, па на тој начин Омега -3 киселините стануваат главна состојка на маснотиите во рибите. Рибата содржи материи кои имаат огромна вредност за човечкото здравје.Значи, тајната е во месото од рибата! Нивото на лошиот холестерол ЛДЛ-во крвта им е многу низок, а ХДЛ е висок. Исто така треба да се истакне дека Ескимите не конзумираат рафинирани шеќери.Самата исхрана на Ескимите е богата со рибни масти како и рибни масла посебно ЕПА и ДХА .Истражувањата говорат дека кај конзумирањето на овие намирници присутен е 50%-тниот  пад на вообичаеното заболување на срцето и крвните садови. Самиот механизам на делување на Омега-3 масните киселини е повеќезначаен.Двете киселини кои се во составот на Омега-3 го спречуваат насобирањето на тромбоцитите со што се намалува можноста да се создаде запушување на крвните садови па се спречува срцевиот и мозочниот удар.

Тие го намалуваат и крвниот притисок, ги штитат артериите од создавање на наслаги. Тие се сигурна и проверена бариера за да не се создаваат повисоки вкупни маснотии (триглицериди во крвта).  Најновите истражувања кажуваат дека доколку се намали конзумирањето на рафинирани шеќери, а притоа се земаат 1000 мг  од Омега-3 препаратот- се врши превенција од срцеви болести и се нормализира нивото на триглицериди и до 75%. Многу кардиолози препорачуваат земање на Омега-3 кај аритмија како и во нејзината превенција и тоа со Капсули од масло од лосос со 350 мг магнезиум дневно, како и калиум, но исто така со исфрлање на рафинираните шеќери. За трајно санирање на повисокиот крвен притисок, во 80% од случаите-со земање на Омега-3 со калиум и конезим  Q-10 и воопшто во третирањето на диета-без шеќери ќе даде добар резултат. Кога е во прашање диабетес мелитус-шеќерна болест, повисоки триглицериди (вкупни масти) голема е опасноста да се појават срцеви болести и да се насоберат наслаги во артериите (со што се загрозува нивната еластичност). Повисокиот шеќер предизвикува и хронични бубрежни болести, па Омега-3 препарат со 100мг Е витамин дневно е добра комбинација со која се зголемува делотворноста на инсулинот (хормонот на панкреасот) и пропустливоста на ќелиските мембрани, важни фактори за здравјето на дијабетичарите. Народите кои конзумираат доста риба, се разбира-Омега-3, ретко заболуваат од малигни болести.Овие маснотии се најмногу делотворни во превенцијата на ракот на дојка и ракот на дебело црево. Со гликозаминимот од школката, Омега -3 препаратот ги штити зглобовите, ја растеретува болката кај истите, отокот и притоа ја подобруваат динамиката на самиот зглоб. Кај автоимуните болести се јавува деструктивен процес каде што имуниот систем се бори против самото тело. Омега-3 препаратот во доза и од само 3 грама дневно во тек од само три недели ги спречува овие самоуништувачки процеси.Кај сите заболени од лупус, склеродермија, мултипла склероза, тромбоцитопенија дава одлични резултати, како и во лечењето на Хроновата болест. Кај проблемите со кожата, посебно кога се во прашање воспалителните реакции (акни и сл.), Омега-3 препаратот во комбинација со диета е одлична поддршка при лечењето.  Дозите кај третманите на псоријазата треба да бидат и до 6 грама од Омега-3 препаратот. Силната воспалителна реакција која што ја прати асмата, добро реагира на Омега-3 препаратот,а тешкотиите во дишењето кои најмногу се изразени кај децата, значително се помали, посебно ако децата јадат доста риба, тогаш болеста се ублажува или губи, како и целата низа на сродни состојби: алергиски ринитис,асма, проблеми со видот, хиперактивност, проблеми со концентрацијата и учењето, a Омега-3 има се подобри резултати и кај аутистичните деца.  Со Омега-3 значително исчезнува и синдромот на хроничен умор, како и чувството на потиштеност, што ја прати депресијата и допринесува за подобро расположение. Важноста  на Омега-3  помага и во текот на бременоста и доењето.На детето преку мајката му се потребни дополнителни количества Омега-3 (околу 1000 мг) за развојот на мозокот и целокупниот нервен и очен систем. Со употреба на Омега- 3 препаратот се намалува можноста за прерано породување, се спречува малата тежина на новороденчето, намалена е вообичаената постпородилна депресија на мајката.Многу студии говорат дека способностите за стекнување на знаење и повисоката интелегенција на децата е директно поврзана со земањето на додатоци во исхраната во облик на Омега-3 препаратот.

Капсулите со масло од лосос направени се исклучиво од месо – масно ткиво од рибата  која живее исклучиво во чистите северни мориња, поради што тој е еден од највредните производи на пазарот и се препорачуваат како додаток во редовната исхрана.

Капсулите со масло од лосос од асортиманот на РСИ  се од природно потекло, па нивното делување најдобро се искажува со превентивна примена.

Др. Слободан Раљевиќ

Рецензии (0)

Рецензии

Сеуште нема рецензии за овој производ.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

Достава
dostava

Достава

Сите нарачки кои се платени до вторник истата им се испорачува по пошта во СРЕДА како би си ја подигнале во ЧЕТВРТОК, а нарачките кои треба да се превземат од канцеларијата на РСИ во Скопје ќе можат да се подигнат во СРЕДА од 15:00 до 17:00.

Поврзани продукти

-15%
Спореди
Брз преглед
Додај во Омилени
Додај во кошница

ВИТАМИНСКИ КАПСУЛИ СО ЕКСТРАКТ ОД ЗЕЛЕНОУСНА ШКОЛКА

3,497.00 ден 2,972.00 ден
    РСИ МАКЕДОНИЈА

    БИДЕТЕ ВО ТЕК СО СИТЕ НОВОСТИ и ПРОМОЦИИ...

    • бул.Видое Смилевски Бато 51, лок.20, Скопје
    • Телефон: +389 78 400 379
    • Е-маил: rsi@rsi-mk.com
    • РСИ АСОРТИМАН
      • Убавина од Внатре
      • Убавина од Надвор
      • Убавина околу Нас
    • КОРИСНИ ЛИНКОВИ
      • Корисничка сметка
      • Листа на омилени производи
      • Споредба на производи
      • Контакт
    • УСЛОВИ
      • Политика за колачиња (Cookies)
      • Политика за приватност
      • Правила и услови за користење
    Copyright 2013-2025 РСИ Мрежа Дооел Скопје | Hosting and Development by MSP Myserverplace
    • Мени
    • Категории
    • Убавина од Внатре
      • Виталност
      • Витамини
      • Минерали
    • Убавина од Надвор
      • Нега на заби
      • Нега на коса
      • Нега на лице
      • Нега на нозе
      • Нега на раце
      • Нега на тело
      • Парфеми
        • За жени
        • За мажи
    • Убавина околу Нас
      • Аква програма
      • Гумена програма
      • Крпи за Моп
      • Крпи од ултрамикро влакна
      • МОП – ROYAL CLEANING eco line
      • Програма за вода Water-Pik
    • Почетна
    • Производи
      • Убавина од Внатре
        • Виталност
        • Витамини
        • Минерали
      • Убавина од Надвор
        • Нега на коса
        • Нега на лице
        • Нега на раце
        • Нега на нозе
        • Нега на тело
        • Парфеми
      • Убавина околу Нас
        • Аква програма
        • Гумена програма
        • Крпи за Моп
        • Крпи од ултрамикро влакна
        • МОП – ROYAL CLEANING eco line
        • Програма за вода Water-Pik
    • Листа на производиНово
    • Производи на попустАКЦИЈА
    • Контакт
    • Омилени производи
    • Спореди
    • Најави се / Регистрирај се
    КОШНИЧКА
    Затвори
    Најави се
    Затвори

    Ја заборавивте лозинката?

    Сеуште нема сметка?

    Креирај сметка
    Ние користиме колачиња за да го подобриме Вашето искуство на нашата веб страница. Со прелистување на оваа веб страница, Вие се согласувате со нашата употреба на колачиња.
    Информации Информации Се согласувам
    Почнете да пишувате за да ги видите производите што ги барате.
    Производи
    Sidebar
    Профил
    Листа на производи