ПРЕПОРАКА ЗА УПОТРЕБА:
- за освежување, отстранување на непријатни мириси и пот: наутро и навечер после капење, втријте 2-4 капки на градите, вратот, тилот, грбот, рацете, нозете и стапалата.
- за знаци на замор и исцрпеност, втријте 2-4 капки на челото, слепоочниците, скалпот и задниот дел од главата
- пред спортување, патување или планинарење, масирајте ги рамената, потколениците, горниот дел од нозете и стапалата претходниот ден
- за масажа после капење или туширање, додадете неколку капки растително масло 101 на неутралното масло за масажа
- за нега на забите и усната шуплина – додадете неколку капки во водата за плакнење или истријте ги непцата со парче памучна вата.
ДОЗНАВМЕ…ОСВЕЖУВАЊЕ, МАСАЖА И НЕГА НА ЦЕЛО ТЕЛО – ЖИВОТНА СИЛА 101 БИЛКА ВО ЕДНО МАСЛО
Концентрат на природни растителни масла од лисја, корени, овошје и други делови. Меѓу другите важни состојки за нега на кожата во овој препарат ги истакнуваме: маслото од авокадо кое ја прави кожата мека и ја зачувува нејзината влажност и маслото од јојоба кое ја прави кожата мазна. Со своето антиоксидантно дејство, витаминот Е ја зголемува животната сила на клетките на кожата, ја стимулира размената на материи и на тој начин го запира процесот на стареење на кожата. Витаминот Ф од биолошки вредно масло од пченични никулци го зајакнува заштитниот слој на кожата со своите масни киселини и ја одржува содржината на влага во неа во согласност со природата.
Рецензии
Сеуште нема рецензии за овој производ.