НАМЕНА:
• магија на ултрамикровлакна и вода –хигиенски чисто
• едноставен за употреба, и чистење без напор
• ефикасно ја одстранува нечистотијата, прашината и маснотиите
• крпите зад себе не оставаат нечистотија на подовите, со што се спречува размножување на бактерии
• крпите за МОП се издржливи, трајни, лесни за одржување
• со суво бришење ја заменуваат правосмукалката
• со влажно бришење тие се замена за класично перење на подовите
• се користат за чистење на подови, ѕидови и тавани
• лесно ги чистат и тешко достапните површини
МОП-УНИВЕРЗАЛНА КРПА ЗА ПОД е изработена е од микрофибер. Се користи влажна на сите видови подови, ѕидови и тавани (кои можат да издржат вода), освен на груби површини како бетон. За чистење се користи само вода (наша препорака – активирана вода со аква крпа ). Треба добро да се исцеди за да биде само влажна. За најефикасни резултати исчистете прво со МОП КРПА ЗА СУВО ЧИСТЕЊЕ. Крпите за МОП се дизајнирани така што совршено се вклопуваат на држачот за МОП. Заоблените краеви на МОП го олеснуваат чистењето на аглите и тесните области. Микровлакна од двете страни на краевите ефикасно ја отстрануваат нечистотијата од кабинети, ногарки за маса и разни вдлабнатини. Крпите не оставаат остатоци од нечистотија, ниту влажни наслаги на нечистотија на површината на подот, што го спречува размножувањето на бактериите.
ПРЕПОРАКА ЗА УПОТРЕБА: Крпите наменети за моп-сет едноставно се закачуваат на т.н. со велкро ленти, ставете ја крпата на подот и притиснете го држачот од мопот. Крпите треба често да се менуваат – кога чистите една соба, менувајте ја крпата – на овој начин се елиминира ширењето на бактериите и прашината од една во друга просторија.
ОДРЖУВАЊЕ НА МОП КРПИ:
Се препорачува почесто да се мијат во топла вода со еколошки детергенти. Може да исперете повеќе крпи одеднаш во машина за перење со помош на Eco Wash Balls до макс. 90°C .Никогаш не користете производи што содржат хлор или белило. Користете еколошки детергент. Никогаш не користете омекнувачи (тие ги намалуваат електростатските својства на влакната). Исперете ги одделно од други ткаенини инаку крпите за моп може да собираат влакна од други материјали.
Рецензии
Сеуште нема рецензии за овој производ.