Ројал ноќен крем со масло од морков е исклучително хранлив кој содржи растителни масла со висока вредност: масло од морков, масло од невен, масло од кантарион, мед и витамини А и Е.
Навечер кожата закрепнува од напорот во денот. Ројал ноќен крем ја хидрира и ја снабдува кожата со висококвалитетни масла, витамини и ја стимулира регенерацијата на клетките.
Маслото од невен, благодарение на содржината на флавоноиди, каротеноиди, сапонини и полисахариди, има антиинфламаторно дејство, помага за заздравување на оштетената кожа, ја омекнува и навлажнува кожата. Маслото од кантарион има антиинфламаторно и епителизирачко дејство, поради што се користи за решавање на бројни кожни проблеми, како што се црвенило, иритација, чешање, сува кожа.
Маслото од морков е богато со бета-каротин и витамин Е. Погодно е за сите типови на кожа, особено за сува и зрела кожа. Во козметиката, најчесто се користи за зрела кожа, бидејќи ефикасно го забавува процесот на стареење. Тоа помага да се залечи сувата, испукана кожа со длабинска хидратација.
Ефикасно ја спречува иритацијата и црвенилото на кожата, го враќа тонот и еластичноста на кожата и ги намалува брчките. Ги осветлува хиперпигментираните дамки (петна) и го спречува нивното формирање.
Ја стимулира синтезата на меланин и затоа помага да се затемни кожата.
Витаминот Е ја подмладува кожата, придонесува за смирување на црвенилото на кожата, штити од штетното дејство на слободните радикали. Витаминот А е природен УВ филтер (заштити од УВ зраци) и придонесува за одржување на еластичноста, мазноста и мекоста на кожата.
Рецензии
Сеуште нема рецензии за овој производ.