НАЧИН НА УПОТРЕБА:Нанесете ја кремата наутро и навечер на исчистената кожа на лицето и вратот.
Слузот од полжав е природна состојка со одлични карактеристики која е позната во медицината уште од времето на Хипократ, најпознатиот антички лекар кој препишувал облоги од слуз од полжав како лек за воспалителни процеси на кожата. Крем со екстракт од слуз од полжав е исклучителен хранлив крем кој ги содржи седумте најважни елементи за благосостојба на кожата: алантоин, колаген, еластин, гликолна киселина, протеини, витамини и пептиди.
Алантоин: Стимулира размножување на клетките и обновување на оштетеното ткиво, па поради неговото ефективно дејство го има и во некои препарати кои се користат за лекување на чиреви, рани и изгореници.
Колагенските влакна се главното сврзно ткиво на кожата кое ги поврзува клетките едни со други. Тие имаат и одлична способност да ја апсорбираат влагата, што и дава на кожата хидратација. Дејствува како моќен регенератор на кожата и промовира обновување на клетките, оставајќи ја кожата мазна и мека.
Оваа состојка е толку ефикасна што дури и помага да се обнови лушпата на полжавот кога е оштетена.
Еластинот има улога да и дава еластичност на кожата, ги подмладува клетките, брзо ги отстранува брчките околу очите и усните, стриите и лузните.
Гликолната киселина делува како исклучителен пилинг, го стимулира растот на нови клетки, ги намалува брчките и делува на темни дамки и старечки дамки.
Шеа путерот продира длабоко во кожата, ја регенерира, исклучително е ефикасен во лекувањето на стрии и лузни. Поради своето антиинфламаторно дејство помага при разни кожни болести како псоријаза, невродерматитис, себореја, егзема и акни.
Витаминот „Ц“ помага во обновувањето на сврзните влакна (колаген и еластин). Исто така е силен антиоксиданс.
Заедно со витаминот „Е“ ја зголемува синтезата на колаген и еластин.
Витаминот „А“ (ретинол) го стимулира обновувањето на клетките на кожата. Тоа е исто така познат антиоксиданс.
Рецензии
Сеуште нема рецензии за овој производ.