Се користи за суво и влажно чистење. Идеална е за одржување на чистотата во домаќинството. Препорачуваме по една крпа за секоја соба.
Сега освен во бела во неколку други бои како црвена , сина, жолта, зелаена, розе! Бои кои зрачат со чистота, здравје и свежина… Крпата чисти 99,97% од бактерии и прашина!
Колку е прекрасно да ги имаме во асортиманот но и во нашите домови. Магично-оригинални единственати вистински волшебни крпи од ултрамикро влакна по состав полиестер и полиамид кои ја кумулираат нечистотијата во себе со статичкиот електрицитет кој се развива на суво и микрокапиларната моќ кога ги користиме за мокто чистење на површините. Да ја заштитиме животната средина…
ИСКУСТВА НА СОРАБОТНИЦИ
Пред 7 години добив мала волшебна крпа на подарок, сè уште не бев слушнала за РСИ и производите од асортиманот на таа фирма, па не ни знаев за нејзините магични способности. Активно почнав да ја користам оттогаш ми е секогаш при рака. Лесно навлажнета е најефикасна за бришење на апарати, телевизори, мебел, сите стаклени површини и се друго што ќе ми дојде при рака. Секој ден го бришам стаклото на масата, после миењето садови многу брзо го средувам мијалникот и целиот околен мебел. Непотребно е да се каже, колку време ми заштеди при чистење на кујнските елементи. Можам да кажам дека сега мојата крпа апсолутно ги замени сите средства за чистење и бришење во мојата куќа, така што ниту јас ниту моето семејство не можеме без неа.
Во РСИ првенствено бев корисник на волшебната крпа, а подоцна и на многу други производи. По сопствен избор припаѓам на екологистичко движење и ме интересира се што е поврзано со заштита на природата и здрав живот. Откако го купив првиот МОП-сет и го почувствував неговиот квалитет, решив да го понудам ова технолошко достигнување и на другите, со цел да придонесам за заштита на природата и полесно одржување на животната средина. Ги користам сите производи од програмата како крпената така и од целиот асортиман, па со задоволство им ги препорачувам на моите пријатели. Сите што еднаш купиле крпа од ултрамикровлакна или било кој друг производ од асортиманот на РСИ повторно побарале, па не им треба рекламирање. За две години, мојата пријателка Марта купи дваесетина производи за свои потреби, но и како практичен подарок. Морам да признаам дека и јас ја копирам Марта, па често на моите пријатели им ги подарувам нашите производи, а понекогаш и моите редовни клиенти ги изненадувам со „нејзиното височество“ со магична крпа. Клиентите редовно ми се враќаат затоа што се задоволни со овој нов концепт на чистење на еколошки начин, а истовремено ги намалуваат трошоците за чистење. Работата со производите на РСИ е големо задоволство за мене, како и лицата на моите среќни и задоволни клиенти.
Тинка Костоска, Македонија
Рецензии
Сеуште нема рецензии за овој производ.